Украина е „се уште подготвена“ да ги продолжи преговорите со Москва, кои се во застој по откривањето на злосторствата во Буча и другите области во близина на Киев, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Подготвени сме да се бориме и да гледаме паралелно да ја завршиме оваа војна преку дипломатија“, рече Зеленски на прес-конференцијата со австрискиот канцелар Карл Нехамер, кој ги посети главниот град и Буча.
Извор: МИА