Зеленски: Украина нема потреба од сојузнички сили на нејзината територија

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина „нема потреба“ од странските сојузнички сили да се соочат со страшната руска инвазија, предупредувајќи дека нивното присуство може само да ги влоши тензиите.

„Немаме потреба од војници со странски знамиња на нашата територија. Тоа не го бараме. Во спротивно, целиот свет би бил дестабилизиран“, изјави украинскиот претседател за веб-страницата РБК Украина.

„Не сакаме да дадеме дополнителна причина Русија да каже дека имаме (странски) бази овде од кои треба да се „одбранат“, рече тој.

„Но, ние сакаме се друго“, додаде Зеленски во врска со финансирањето и испораката на оружје од западните сојузници на Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден цврсто го исклучи испраќањето војници во Украина и ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат државата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели