Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ќе ја загуби армијата доколку воената состојба биде суспендирана за избори, а Русите потоа ќе го искористат тоа.

Зеленски во интервју за британската телевизија ITV News изјави дека сите сакаат војната да заврши и да се одржат избори и дека не се плаши од нив.

„Додека војната трае, нашето население е, сепак, против избори, бидејќи сите разбираат што ќе се случи. Ќе мораме да ја укинеме или суспендираме воената состојба, а ако го сториме тоа ќе ја изгубиме армијата“, рече Зеленски, додавајќи дека Русите би биле среќни поради тоа, пренесува „Украинска Правда“.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Претседателот на Финска: Украина ја има најмодерната, најефикасната и најискусната армија

ВИДЕО: Русите со дрон го погодија Северниот мост во Киев

Предраг Петровиќ

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ