Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за полската телевизија ТВН24 изјави дека постои шанса војната на Русија против Украина да заврши оваа година со поддршка на САД и Европа.

Како што пренесува „Украинска правда“, на прашањето на полските новинари за веројатноста војната да заврши во 2025 година, Зеленски одговорил самоуверено, велејќи дека тоа е можно.

„Трамп сака да стави крај на војната. Тој има способност да изврши притисок врз Русија. Убеден сум дека Русија се плаши и од САД и од Кина“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека Трамп мора на Украина да и понуди конкретни безбедносни гаранции кои не само што ќе ѝ користат на Европа, туку и ќе испрати порака до Русија дека Украинците, заедно со другите нации, можат да се одбранат доколку Путин повторно се обиде да предизвика војна.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: Трамп размислува за суспендирање на забраната на TikTok за 60 до 90 дена

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Вучиќ: Трамп обезбеди прекин на огнот во Газа уште пред да ја преземе функцијата

Зеленски: Украина не води тајни преговори со Русија зад грбот на своите партнери