Зеленски: Територијалните амбиции на Русија се протегаат од Варшава до Софија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика денеска Европската унија да ги заостри санкциите кон Русија и предупреди дека руските сили би можеле да нападнат други земји по инвазијата врз неговата земја.

Зборувајќи онлајн пред двата дома на чешкиот Парламент Зеленски потврди дека територијалните амбиции на Русија се протегаат од Варшава до Софија, пренесоа британските медиуми.

-Русија не е заинтересирана само за нашите градови Мариупол, Северодоњецк, Харков и Киев. Не, нејзините амбиции се фокусирани на огромна област, од Варшава до Софија, рече украинскиот претседател, без да обезбеди докази за своето тврдење, пренесуваат британските медиуми.

Зеленски повика на Украина да и се отвори патот за членство во ЕУ.

-Да и се даде кандидатски статус на Украина во моментов значи докажување дека европското обединување е реално и дека европските вредности навистина функционираат и дека тие не се само прецизирани во одредени документи, рече Зеленски.

Според него, чешкиот народ, по нацистичката германска окупација за време на Втората светска војна и децениите на советска доминација по војната, знае како завршува компромисот и што следува по отстапките за тиранијата.

-Човек кој сака да зграпчи сè, никогаш нема да се задоволи само со дел од она што го сака, рече Зеленски, пренесуваат британските медиуми.

извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уништена „Црна вдовица“

Предраг Петровиќ

Зеленски е подготвен за да ја прекине војната со Русија

Зеленски го назначи новиот командант на копнените сили на Украина

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови

ВИДЕО: Нов напад на Киев, остатоци од руски дрон паднаа на детска клиника