Зеленски: Спремен сум за директни преговори со Путин

Од:

Подготвен сум за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин, доколку тоа е единствениот начин да се постигне мир во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за британскиот новинар Пирс Морган.

„Ако луѓето веруваат дека треба да преминеме на дипломатски начин за решавање на конфликтот и мислам дека сме подготвени, ќе разговарам со Путин“, рече Зеленски.

Покрај тоа, тој призна дека Киев во моментов не може да ги врати сите свои територии и дека Украина не може да си дозволи да изгуби милиони луѓе поради исходот што се уште не е сигурен дека ќе се случи.

„За жал, поддршката што ја даваат нашите партнери не е доволна за целосно истиснување на руските сили од нашите територии“, рече Зеленски.

Тој, исто така, истакна дека во војната со Русија досега се убиени околу 45.100 украински војници, додека 390.000 се ранети.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија ќе го зголеми потенцијалот и борбената готовност на своите вооружени сили

Орбан: Зеленски мора да знае дека со напад на Унгарија може само да изгуби

Зеленски: Путин ја започна Третата светска војна

Путин: Американските санкции врз Куба се неприфатливи

Путин: Ако Европа сака да војува, Русија е веднаш подготвена

Зеленски: Дури ни мојата смрт нема да ја „скрши“ Украина