Зеленски: Сега повеќе од кога било има шанса да се стави крај на војната

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека најпредизвикувачките делови од мировниот план се прашањата за територијата и парите, осврнувајќи се на замрзнатите руски средства во Европа, како и безбедносните гаранции.

Истакна дека „сега повеќе од кога било“ има шанса да се стави крај на војната, објави Би-Би-Си.

На прес-конференција во Даблин, одржана заедно со ирскиот премиер Мајкл Мартин, Зеленски рече дека вчера разговараше со американскиот претставник Стив Виткоф, кој денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Украина сега ги чека резултатите од таа средба.

„Ќе реагирам според тие резултати, ако почувствувам дека можеме да сметаме на вистински, конкретен дијалог, ќе се сретнеме“, рече Зеленски.

Зборувајќи за замрзнатите руски средства, претседателот изјави дека е „крајно време“ да се искористат за поддршка на воените напори на Украина и обнова на земјата.

„Крајно време е да се префрли во Украина за да можеме сигурно да ја обезбедиме нашата одбрана и закрепнување“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Сојузниците нè молат да ги запреме нападите врз руската енергетска инфраструктура

А1он

Украина тврди дека има докази: Русија сè уште му помага на Иран

А1он

Зеленски: Имам многу лошо претчувство за војната во Иран

А1он

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

Зеленски: Трамп е во право за едно нешто – го мразам Путин!

А1он

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите

А1он