Зеленски: Трамп е во право за едно нешто – го мразам Путин!

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го зголеми притисокот врз Русија, а не врз Украина, пред можните преговори за прекин на војната што трае повеќе од четири години, објавува Политико.

Во интервју за Политико и германскиот Велт – Зеленски рече дека Украинците се „уморни“, но дека не се подготвени да ги прифатат руските услови, кои вклучуваат предавање на големи делови од територијата на истокот на земјата.

„Ни требаат преговори и ги поддржуваме. Не ѝ веруваме на Русија, но верувам дека Американците навистина сакаат да ја прекинат оваа војна. Се надевам дека ќе ни помогнат, но потребен е поголем притисок врз Русија, а не врз мене“, рече Зеленски.

Минатата недела, Трамп изрази незадоволство од украинското раководство и рече дека Зеленски треба „да ги придвижи работите“ и да постигне договор. Американскиот претседател, исто така, рече дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор за примирје.

Откако се врати во Белата куќа во јануари 2025 година, Трамп постојано го критикуваше Зеленски и го обвини за започнување на војната, иако Русија започна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Во интервјуто, украинскиот претседател ги повика и европските лидери да подготват алтернативен план за финансирање за Украина доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан продолжи да го блокира пакетот помош на ЕУ вреден 90 милијарди евра.

Според „Политико“, група балтички и нордиски земји разгледуваат привремен план за финансиска помош со цел Украина да ја одржи стабилноста барем во првата половина од годината.

Зеленски рече дека безбедносните гаранции се клучни за евентуален мировен договор, но дека нема јасни одговори од Вашингтон за тоа какви би биле тие гаранции.

Тој призна дека Трамп бил во право кога рекол дека го „мрази“ Путин.

„Секако, мислам дека се мразиме едни со други“, рече Зеленски.

„Трамп е во право за тоа. Не во сè“ порача украинскиот лидер.

Би можело да ве интересира

Зеленски преку Абрамович му испратил порака на Путин дека е подготвен за средба

Катерина Ѓуровски

Русија се соочува со воен, економски и стратешки неуспех, порача Макрон пред средбата со Зеленски, Стармер и Мерц

Катерина Ѓуровски

Воен аналитичар: Во своето писмо, Зеленски иронично и саркастично го исмеа и понижи Путин

А1он

Зеленски: Зголемените украински напади врз Русија ни овозможуваат преговори на рамноправна основа

А1он

ВИДЕО: Зеленски со молба до Трамп, по страшниот руски напад

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Украинските напади врз 15 рафинерии за нафта предизвикаа криза на рускиот пазар

А1он