Зеленски се заблагодари за новиот пакет воена помош од САД, вреден 800 милиони долари

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до САД за новиот пакет воена помош во вредност од 800 милиони долари.

Во синоќешното обраќање, тој се заблагодари и за посетите на претседателите на Полска, Естонија, Литванија и на Летонија.

– Лидери што нѝ помагаат од првиот ден, тие кои не се двоумеа да дадат оружје, тие кои не се сомневаа во одлуката дали да воведат санкции (против Русија), истакна украинскиот претседател.

Во неговиот телефонски разговор со американскиот претседател, Џозеф Бајден, се зборувало за нова испорака на оружје, уште поостри санкции против Русија, како и за напорите да се изведат пред правдата руските војници кои ги извршиле воените злосторства во Украина.

Зеленски информираше и за продолжување со чистењето на десетици илјади неексплодирани гранати, мини и кабли, поставени од Русите, при нивното повлекување од северниот дел на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски ја истакна својата визија за прекин на огнот

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Москва ја предупреди Европа: Испаќањето војска во Украина ќе значи дека НАТО е во војната

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Русија го нападна Макрон: Го тера Западот во светска војна