Зеленски: Се надевам дека војната ќе заврши оваа година

Од:

„Се надевам дека ќе можеме да ја завршиме војната оваа година, а не за три години“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на форумот во Киев по повод третата годишнина од почетокот на војната во Украина.

Зеленски рече дека Русија ќе се „врати“ доколку Украина нема подготвени безбедносни гаранции, пишува „Скај њуз“.

„Ако ги ставиме под притисок, вратете ги на нивното место, на нивната територија и ако Украина стане членка на ЕУ и НАТО… Се разбира, тоа многу ќе ни помогне“, рече Зеленски.

Зеленски оцени дека Русија нема повторно да изврши напади доколку Украина има силна армија и силни сојузници.

Би можело да ве интересира

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти

Стуб: ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија

Несогласување во ЕУ: Унгарија и Словачка не ги потпишаа заклучоците за Украина