Зеленски: Русија сака да ги користи заробените странци за да изврши притисок врз земјите

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се обидува да ги користи заробените странски доброволци за да изврши притисок врз нивните земји, објавија денес украинските медиуми.

Зеленски додаде дека Русија одбива да размени заробени белоруски државјани кои се бореле на страната на Украина, објави агенцијата Укринформ.

„Русите нема да разменуваат заробени граѓани од други земји со нас затоа што сакаат да ги користат во односите меѓу Русија и земјите од кои доаѓаат“, им рече Зеленски на новинарите.

Тој истакна дека Русија понекогаш го користи ова за да изврши притисок, а понекогаш им се потребни овие луѓе за да ги размени за свои агенти кои се во затвори во други земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Не се плашам од Трамп

Сириски: Руските трупи ги интензивираат нападите околу Покровск, Украина ја зајакнува одбраната

Европа остана без пари за војна и сака да ги земе останатите од џебовите на луѓето, вели Орбан

Москва: Киев ги прикрива своите злосторства со забрана за пристап до медиумите

„Тајмс“: Украина нема да преживее до пролет

Горан Наумовски

Порака од Хелсинки: Зеленски да го прекине конфликтот и да оди во Москва