Зеленски разговараше со Меркел и Макрон за решението на судирот на истокот од Украина

Од:

Во пресрет на самитот со Европската унија, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера оствари разговори со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон за барање решение на конфликтот во источна Украина.

Темата на разговорите беше и можниот самит со рускиот претседател Владимир Путин на таканаречениот „Нормандиски формат“, јави канцеларијата на претседателот Зеленски во Киев.

И Путин разговарал со Меркел и Макрон, соопшти Кремљ и додаде дека е договорено дополнително да се разгледаат условите за заедничката средба.

Германската Влада соопшти дека е договорен состанок на министрите за надворешни работи, а Елисејската палата дека таквиот состанок треба да се одржи во следните неколку недели.

Украина во својот источен регион Донбас веќе неколку години се бори против сепаратистите поддржани од Русија, а досега во овој конфликт се убиени повеќе од 14.000 лица, наведува официјален Киев.

Во Киев денеска се одржува 23-от самит ЕУ-Украинама кој ќе учествуваат претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На разговорите треба да доминира ситуацијата во источна Украина.

Би можело да ве интересира

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски