Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не верува дека светот ќе дозволи рускиот претседател Владимир Путин да користи нуклеарно оружје.
– Не верувам дека тој (Путин) ќе го употреби ова оружје. Мислам дека светот нема да му дозволи да го користи ова оружје – изјави тој за германскиот весник „Билд“.
Зеленски додаде дека изјавата на рускиот претседател покажува дека тој сака да ја удави Украина во крв – вклучително и онаа на неговите војници.