Зеленски: Путин не е во затвор, тоа е најголемиот компромис досега

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли руските територијални претензии како отстапка кон амбициите на Москва постепено да ја преземе Украина.

Во разговор одржан на маргините на конференцијата, Зеленски рече дека постојано се обидува да им ја објасни таа позиција на партнерите, вклучувајќи ги и САД, од кои, вели тој, доаѓаат предлози дека Украина би можела да се согласи на компромиси со цел да се стави крај на војната, пишува Политико.

„Се согласивме на бројни компромиси. Путин и неговите соработници не се во затвор. Тоа е најголемиот компромис што светот некогаш го направил“, рече тој.

Тој нагласи дека Украина „не може да заборави“ колку луѓе беа убиени за време на војната, но нагласи дека Киев е подготвен да го заврши конфликтот во секое време. Сепак, додаде дека Путин не покажува искрен интерес за ова, поради што е потребен поголем притисок врз Русија.

„Не верувам дека сакаат да ја сопрат војната. Верувам дека можат да го сторат тоа под притисок, но додека притисокот не е доволен, тие само се играат“, рече тој.

Кога го прашале што мисли за тоа што САД вршат сличен притисок врз Украина и Русија, Зеленски бил резервиран. „Постојат некои мисли што морам да ги задржам за себе“, заклучил тој.

Тој изјавил дека Путин ќе продолжи да го отфрла договорот ако не почувствува реални последици.

„Тој ќе одбие. Денес ќе најде една причина, утре друга, и така до бесконечност. Затоа мора да го притиснеме“, рекол Зеленски.

Тој заклучил дека е потребен решителен пристап за да се стави крај на конфликтот. „Потребен е вистински притисок. Ако е под вистински притисок, Путин ќе ја запре оваа војна“, заклучил тој.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

ВИДЕО: Страотен напад на Киев, убиено дете

Русија планира рекордни 202,6 милијарди долари за одбрана во 2027

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

ВИДЕО: Русија го нападна Киев, загина маж, повредени деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина најавува „Армија на роботи“