Зеленски потпиша указ за намалување на минималната возраст за мобилизација од 27 на 25 години

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ за намалување на минималната возраст за мобилизација од 27 на 25 години, соопшти пратеникот на Рада Алексеј Гончаренко.

Пред една година пратениците го изгласаа тој закон на кој се чекаше потписот на претседателот на Украина.

Законот ќе стапи на сила утре.

Украинската влада потоа мора да ги усогласи различните правни текстови во рок од шест месеци за да ја овозможи оваа мобилизација.

Освен тоа, Зеленски потпиша и закон за укинување на статусот „делумно неподобен за воена служба“.

Како што изјави Гончаренко, мажите кои биле вклучени во тој статус ќе мора да направат нов лекарски преглед по девет месеци.

После тоа ќе бидат класифицирани само во една од групите – способни или неспособни.

Украинската армија претрпе загуби, чии размери се чуваат во тајност, а сега се обидува да најде доброволци за фронтот.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русите подготвуваат голема офанзива

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Зеленски: Ситуацијата на фронтот е под контрола

Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски