Зеленски подготвува одмазда: „Окупаторот мора да почувствува дека ова е украинска земја“

Од:

Украинските вооружени сили се под голем притисок од руските напади на истокот на земјата, рече претседателот Володимир Зеленски во вечерното видео обраќање до нацијата во петокот.

Зеленски рече дека военото раководство детално ја анализирало ситуацијата во регионот Доњецк.

„Таа област беше и останува во фокусот на руските напади“, рече Зеленски. Мора да се направи се за да се зајакнат одбранбените позиции на Украина во регионот“, додаде тој.

Украинскиот лидер изрази „посебна благодарност“ до сите војници кои ги нападнаа руските бази и логистика на окупираните територии, без да именува конкретни војници.

„Окупаторот мора да почувствува дека ова е украинска земја“, рече Зеленски.

Повикувајќи се на воени извори во Киев, украинските медиуми претходно објавија ракетен напад на воен аеродром на Крим, полуостров на Црното Море, анектиран од Русија во 2014 година.

Првично не беа дадени детали за последиците од нападот. Руското Министерство за одбрана не го коментираше нападот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фон дер Лајен објави план од 5 точки: Европа силно ќе ги зголеми трошоците за одбрана

Потегот на Трамп ќе го принуди Киев да бара мир, прва реакција на Кремљ

Украински функционер го спореди прекинот на американската воена помош со попуштањето на Хитлер во 1938 година

Европа го подготвува најрадикалниот потег против Кремљ од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

САД малку повеќе помагале воено, Европа многу повеќе и помагала на Украина финасиски

Трамп ја стопира воената помош за Украина

Предраг Петровиќ