Зеленски откри: Побарав 50-годишни гаранции за Украина од Трамп

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека нацрт-рамката за мир за завршување на војната на Русија против Украина предвидува 15 години безбедносни гаранции од САД за Украина, но дека тој побара од американскиот претседател Доналд Трамп безбедносни гаранции до 50 години.

„Навистина, ова не е засекогаш…Го покренав ова прашање со претседателот (Трамп). Му кажав дека веќе сме во војна и дека тоа трае речиси 15 години. И затоа навистина би сакал гаранциите да бидат подолги“, рече Зеленски.

Нацрт-рамката за мир за завршување на војната на Русија предвидува 15 години безбедносни гаранции од САД за Украина, но Зеленски верува дека овој период не е доволно долг, објави УНИАН.

„Му реков дека многу би сакале да ја разгледаме можноста за 30, 40 или 50 години. А потоа тоа би била историска одлука од претседателот Трамп. Претседателот рече дека ќе размисли за тоа“, рече Зеленски.

Според него, директна средба со Русија е можна откако Трамп и европските лидери ќе се согласат за предложените документи.

Украинскиот претседател, исто така, рече дека Трамп го информирал дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за планот од 20 точки. Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата одржа средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида.

Трамп рече дека е постигнат голем напредок, дека околу 95 проценти од мировниот план за завршување на војната со Русија е договорен и дека конфликтот би можел да заврши „за неколку недели“.

УНИАН, исто така, потсетува дека по средбата меѓу украинскиот и американскиот претседател, Трамп изјавил дека Украина ќе добие „силен“ договор за безбедност и дека европските земји се активно вклучени во овој договор.

Зеленски пак рече дека како резултат на преговорите со американскиот претседател во Флорида се постигнати значајни успеси.

Би можело да ве интересира

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија