Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди

Од:

Одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги ублажи санкциите врз руската нафта би можела да донесе значителни финансиски придобивки за Москва и да ги ослабне напорите насочени кон прекинување на војната во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што објави каналот „Новости.лајв“ на Телеграм, Зеленски изрази загриженост за можните последици од овој потег, наведувајќи дека ублажувањето на американските ограничувања би можело да ѝ обезбеди на Русија значителен дополнителен приход.

„Олеснувањето на американските санкции врз руската нафта би можело да ѝ обезбеди на Русија приближно десет милијарди долари. Ова сигурно не му помага на светот“, рече украинскиот лидер.

Би можело да ве интересира

Трамп ја разреши главната обвинителка Бонди

Трамп: Иранскиот режим побара прекин на огнот

Калас: Трамп намерно го ослабнува НАТО

Трамп: Време е Иран да склучи договор „пред да биде предоцна“

Туск: Заканата на Трамп за напуштање на НАТО е „план од соништата“ на Путин

Фајненшл тајмс: Администрацијата на Трамп ќе воведе 100% царини за одредени лекови