Зеленски: Новиот блискоисточен конфликт ја комплицира одбраната на Украина

Од:

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека ескалацијата на конфликтот во Иран може да го отежни снабдувањето на Украина со ракети за воздушна одбрана, бидејќи на САД и нивните сојузници би можеле да им бидат потребни тие резерви на Блискиот Исток.

Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, Зеленски оцени дека нападот врз иранските воени цели бил добра одлука, наведувајќи дека Иран произведува значителни количества оружје за Русија, особено беспилотни летала и ракети.

„Можеме да се соочиме со тешкотии во набавката на ракети и системи за одбрана на нашето небо. Американците и нивните сојузници може да ги задржат за свои потреби“, рече Зеленски, потсетувајќи дека испораките за Украина биле забавени за време на претходните тензии на Блискиот Исток.

Зборувајќи за рускиот претседател Владимир Путин, Зеленски оцени дека тој е „ослабен“ и дека ја изгубил зимската офанзива против Украина.

„Нападите врз енергетската инфраструктура во текот на зимата не успеаја да нè скршат или да го поделат општеството“, рече украинскиот претседател.

Зеленски повтори дека Украина нема да се согласи на повлекување од Донбас, нагласувајќи дека таков потег би им отворил пат на руските сили кон внатрешноста на земјата.

Тој додаде дека Киев останува отворен за преговори, но дека позициите на двете страни се уште се оддалечени, особено по прашањето за териториите и безбедносните гаранции.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва