Дополнителни системи за противвоздушна одбрана ќе пристигнат во Украина во август, септември и октомври, изјави денеска претседателот на Украина Володимир Зеленски на состанокот на членовите на Конгресот на локални и регионални власти од областа Ривне, пренесе Укринформ.
Тој нагласи дека приоритет е заштитата на индустриските и економските центри во земјава.
„Благодарение на нашата работа и партнерите, го зголемуваме бројот на системи Патриот, како и други системи. Затоа, ќе продолжиме да работиме во оваа насока. А во август, септември и октомври во нашата земја ќе пристигнат системи за противвоздушна одбрана“, рече Зеленски.