Зеленски неочекувано го откажа говорот пред американскиот Конгрес

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неочекувано го откажа за денеска закажаното обраќање пред американскиот Конгрес поради настан „во последен момент“, изјави лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер.

„Зеленски не може да се појави на нашиот брифинг во 15 часот, нешто се случи во последен момент“,

изјави Шумер за новинарите.
Украинскиот претседател требаше преку видео врска да зборува пред американскиот Конгрес со надеж дека ќе влијае на Конгресот да одобри нов пакет помош за неговата земја.

Вашингтон дава најголема воена помош за Киев и даде десетици милијарди долари од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Но, ветувањето на американскиот демократски претседател Џо Бајден дека ќе продолжи со финансиска поддршка на Украина е сериозно доведено во прашање, што би било погубно за Киев, чија разочарувачка контраофанзива не ги донесе очекуваните територијални придобивки.

Американскиот Конгрес, кој досега одобри огромни пакети воена, хуманитарна и макроекономска помош за Киев, е составен од два дома. Републиканците имаат мнозинство во Претставничкиот дом, а голем број од нив бараат итно да се прекине помошта за Киев.

Во Сенатот, каде демократите се мнозинство, опозициските републиканци се за поддршка на Украина.

Украинските власти велат дека им треба повеќе оружје за да избегнат руски напади кои ќе ја уништат енергетската инфраструктура и ќе остават милиони луѓе во темница оваа зима, како што се случи минатата година.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО даде дозвола: На Украинците ќе им биде дозволено да стрелаат во Русија со авиони Ф-16

Предраг Петровиќ

Европската унија воведе рекордни санкции против Русија

Путин: Модернизиравме 95 отсто од нуклеарните сили

Бајден воведува нови големи санкции против Русија

ВИДЕО: Русија со 30 дронови ја нападна Украина, во Одеса има тројца мртви

(ВИДЕО) Две години од војната: Ситуацијата никогаш не била полоша за Украина