Украинскиот претседател Володимир Зеленски не ја исклучи можноста рускиот претседател Владимир Путин да биде поканет на следниот мировен самит.
Во интервју за Блумберг, Зеленски исто така изрази уверување дека САД и Кина можат да стават крај на војната во Украина.
Во исто време, Зеленски рече дека доколку Русија и Украина успеат да најдат начин да седнат на преговарачка маса, тој не очекува Путин лично да учествува „во блиска иднина“, бидејќи верува дека рускиот претседател е „премногу исплашен да дојди.”