Зеленски не е услов за средбата Трамп-Путин

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, дури и ако рускиот претседател не се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Од друга страна, Путин денес изјави и дека се надева дека ќе се сретне со американскиот претседател следната недела, евентуално во Обединетите Арапски Емирати.

Официјален претставник на Белата куќа го доведе во прашање одржувањето на самитот освен ако рускиот претседател не се согласи и на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а изјавата на Путин дојде пред рокот поставен од Белата куќа до кој Москва мора да покаже напредок кон завршување на тригодишната војна во Украина или ќе се соочи со дополнителни санкции, објави АП.

Се очекува САД да воведат санкции кон Русија утре, изјави претходно денес официјален претставник на Белата куќа кој не сакаше да биде именуван. Тој рече дека самитот САД-Русија нема да се одржи освен ако Путин не се согласи да се сретне со Зеленски. Функционерот не прецизираше дали условот е Зеленски да биде присутен на евентуалниот самит САД-Русија или на последователен состанок.

Зборувајќи за можни директни разговори со Зеленски, Путин рече дека неколку пати споменал оти не е против тоа и дека постои можност, но дека треба да се создадат одредени услови за тоа да се случи. Кремљ претходно изјави дека Путин и Зеленски треба да се сретнат само кога се блиску до постигнување договор меѓу нивните делегации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крвав бунт во Иран: Над 500 убиени, Ајатолахот му се заканува на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп: Политичките затвореници во Венецуела имаа среќа што САД се појавија

Трамп издаде извршна наредба за заштита на венецуелската нафта

Трамп разгледува опции против Иран, иранскиот режим уби најмалку 538 луѓе за две недели

Трамп: Предлагам кубанските власти да постигнат договор пред да биде предоцна

Хамнеи: Ако Трамп е толку способен, нека ја води својата земја

Горан Наумовски