Зеленски: Mировниот план од 20 точки е „90 проценти договорен“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес, по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида, изјави дека на средбата со Трамп биле разгледани „сите аспекти“ на мировниот план за завршување на војната со Русија и дека мировниот план од 20 точки е „90 проценти договорен“.

Тој рече дека тој и Трамп се согласиле дека безбедносните гаранции се клучна пресвртница во постигнувањето траен мир, објави Скај њуз.

Зеленски нагласи дека ставот на Украина за Донбас е „многу јасен“ и дека Киев има „различен став од Русија“.

„Мора да го почитуваме нашиот закон и нашиот народ, како и територијата што ја контролираме. И секако, нашиот став е многу јасен. Затоа претседателот Трамп рече дека ова е многу тешко прашање“, рече Зеленски.

Тој му се заблагодари на Трамп „за одличниот состанок“.

„Нашите тимови разговараа за сите аспекти на мировна рамка. Мировниот план од 20 точки е 90 проценти договорен, а безбедносните гаранции меѓу Соединетите Американски Држави и Украина се 100 проценти договорени“, додаде Зеленски.

Тој рече дека се согласиле дека безбедносните гаранции се клучна пресвртница во постигнувањето траен мир и дека нивните тимови ќе продолжат да работат на тоа во наредните недели за да ги завршат сите дискутирани точки, објави Би-Би-Си.

Зеленски додаде дека Трамп ќе ги угости тимовите во Вашингтон во јануари.

Би можело да ве интересира

Лавров: Украина ќе плати висока цена за нападите врз руските цивилни цели

Горан Наумовски

Русија со нов удар врз украинската логистика: Погодени камиони и цистерни

Џефри Сакс: „Америка веќе не е единствената суперсила во светот“

Горан Наумовски

Две лица загинаа, a седум се ранети во најновиот напад на Киев

Горан Наумовски

Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Руските сили погодија фабрика за тутун во британска сопственост

A1on