Зеленски кон ЕУ: Престанете да ја спонзорирате руската воена машинерија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европската унија да воведе ембарго на руската нафта.

-Пред се, ни треба ембарго на руската нафта. И јасна подготвеност на Европа да се откаже од сета руска енергија. Европската унија мора да престане да ја спонзорира руската воена машинерија, рече Зеленски, пренесува Гардијан.

Претседателот на Украина додаде дека разговарал за западните санкции против Русија со група меѓународни и украински експерти кои „ги процениле воведените санкции и како Русија се обидува да ги заобиколи“.

Тој изјави дека групата подготвила конкретни предлози за тоа како да се елиминираат слабостите во санкциите и како веднаш да се зајакнат санкциите за Русија да ги почувствува нивните ефекти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски ја истакна својата визија за прекин на огнот

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Москва ја предупреди Европа: Испаќањето војска во Украина ќе значи дека НАТО е во војната

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Русија го нападна Макрон: Го тера Западот во светска војна