Зеленски: Ќе се откажеме од членството во НАТО ако добиеме силни безбедносни гаранции

Од:

Украина е подготвена да се откаже од својата апликација за членство во НАТО доколку САД и Европската Унија понудат доволно силни безбедносни гаранции како дел од тековните разговори за прекин на војната во Украина, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Зборуваме за билатерални безбедносни гаранции меѓу Украина и САД, односно гаранции слични на Член 5 на НАТО, како и безбедносни гаранции за нас од нашите европски партнери и други земји како што се Канада, Јапонија и други, рече Зеленски.

Тој рече дека сè уште не добил одговор од Белата куќа во врска со предложениот ревидиран план за прекин на војната, изготвен од украинските и европските лидери.

Планот од 20 точки вклучува и територијални отстапки за Русија.

Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, пристигнаа во Берлин порано денес како дел од американската делегација за разговори за украинскиот мировен процес.

Германски владини извори за „Билд“ изјавија дека разговорите со украинските претставници во Берлин ќе траат два дена, а прелиминарните разговори со советниците за надворешна политика, вклучувајќи ги и претставниците на САД и Украина, ќе се одржат денес, пренесува „Танјуг“.

Средба меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и украинскиот претседател Володимир Зеленски е закажана за утре вечер, кога во Берлин ќе пристигнат и шефови на држави и влади на европски земји, како и високи претставници на Европската Унија и НАТО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина