Зеленски: „Ќе ја принудиме Русија да склучи мир“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија мора да биде принудена да постигне мир бидејќи претседателот Владимир Путин сака конфликт и дека војната се враќа во Русија откако Москва ја донесе во други земји.

Во своето ноќно обраќање, украинскиот лидер рече дека големиот прекуграничен напад на Киев врз западниот регион Курск е прашање на безбедноста на Украина и дека Киев ги зазел областите од каде Русија ги започнала своите напади, пренесе Ројтерс.

„Русија мора да биде принудена да склучи мир бидејќи Путин сака да се бори толку жестоко“, рече Зеленски.

Тој рече дека од 1 јуни, руските сили го нападнале североисточниот регион Суми во Украина, кој се наоѓа спроти регионот Курск, речиси 2.100 пати.

„Русија им донесе војна на другите, сега (војната) им се враќа дома. Украина отсекогаш сакала само мир и ние сигурно ќе обезбедиме мир“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Го задржуваме правото да одговориме со нуклеарно оружје доколку Западот не нападне, порачува Шојгу

ВИДЕО: Русија на Киев испали 215 дронови и проектили

(ВИДЕО) Трамп: Потешко ми е да се справам со Зеленски и со Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на Киев и Харков: деветмина мртви, десетици повредени

Белата куќа: Трпението на Трамп за Украина е при крај

Трамп со ултиматум до Зеленски: Избери мир или изгуби ја целата држава