ВИДЕО: Голем руски напад на Киев и Харков: деветмина мртви, десетици повредени

Од:

Украинската воздушна одбрана дејствуваше рано утринава во украинскиот главен град Киев против комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети. Ројтерс јавува дека очевидци пријавиле серија силни експлозии.

Според првичните информации, загинале девет лица, а 63 се повредени, од кои 42 се хоспитализирани, меѓу кои и шест деца.

Станбени згради се урнаа, а во тек е потрага по луѓе под урнатините. Екипи со кучиња трагачи од Државната служба за итна помош се на терен.

„Во тек е комбиниран напад. Опасноста останува висока“, напиша на Телеграм Тимур Ткаченко, шеф на градската воена управа на Киев. Тој, исто така, истакна дека пожари и урнати авиони и делови од проектили се регистрирани во два квартови на западниот брег на реката Днепар, која го минува градот.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека беспилотни летала летаат над централните области, наредувајќи им на тимови од лекари итно да се упатат во различни делови на градот. Ткаченко нагласи и дека пет лица се повредени во градската област Свјатошински, додека Кличко истакна дека жителите на една зграда останале под урнатините. Пожари и паѓање на метални остатоци од проектили се забележани и во други делови на Киев.

И Харков, вториот по големина град во Украина, рано утринава беше изложен на силен ракетен напад, напиша на Телеграм тамошниот градоначалник Игор Терехов. Тој рече дека се слушнале неколку експлозии во градот, кој е честа цел на руски напади.

Би можело да ве интересира

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

ВИДЕО: Русија го погоди и вториот важен мост во Киев

Откриено кој стои зад најголемата руска саботажа во Европа досега

ВИДЕО: Откриен планот на Путин, цел му се најголемите украински градови

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Затворени мостови, мртви и повредени по руски напад на Киев

ВИДЕО: Украина првпат употреби сопствена балистичка ракета, Киев не открива што било цел

Катерина Ѓуровски