Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руските сили би можеле да ги интензивираат нападите врз Украина денеска и утре, кога Киев го слави Денот на независноста, предупредувајќи ја Москва на силен одговор од украинските сили.
На прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда кој е во посета на земјата, како одговор на новинарско прашање за можноста од руски ракетен напад врз Киев, Зеленски рече дека постои секојдневна закана од напад и дека украинското разузнавање соработува со странски разузнавачки служби.
„Русија го прави тоа постојано. Дали можат да го зголемат бројот на овие напади? Да, можат и денес и утре“ – рече Зеленски.
Тој рече дека Украина, во случај на напад на Киев, ќе го направи истото како и досега.
„За мене како претседател, и за секој Украинец, Киев, Чернихив, Донбас се е исто. Таму живеат Украинци, како и во Харков и Запорожје“ – рече украинскиот претседател.
Зеленски порача: „Ако не нападнат, ќе добијат силен одговор“.