Зеленски ја одби понудата на САД да го евакуираат: „Ми треба муниција, а не транспорт“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбил понудата на Вашингтон да го евакуира од Украина, пишуваат американските медиуми.

Зеленски рече дека „борбата е тука“ и дека „нему му треба муниција, а не транспорт“, објави Асошиетед прес.

„Вашингтон пост“ ги цитираше американските и украинските претставници кои велат дека американската влада е подготвена да им помогне на Зеленски да го напушти Киев за да избегне да биде заробен или убиен по напредувањето на руските сили

Претходно, Зеленски одржа драматичен говор во кој вети дека ќе продолжи да се бори, велејќи: „Кога ќе не нападнете, ќе ги видите нашите лица. Не нашите грбови“. Сите сме тука, рече тој, така и ќе останеме.

Зеленски објави видео во кое укажува дека се уште е во Киев и предупреди дека Русија сака да го ликвидира.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Вучиќ со Зеленски: Разговаравме за можностите за постигнување мир

Зеленски призна: Ни требаат милион војници

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

Зеленски: 200.000 војници од ЕУ да се мировници на источниот фронт во Украина