Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја обвини Русија за систематско регрутирање борци во Кина, откако украинските сили пред неколку дена објавија дека во борби заробиле двајца кинески државјани.

Зеленски рече дека украинските разузнавачки служби откриле дека најмалку 155 кинески граѓани се борат за Русија, што Кина го негираше и ја предупреди Украина да не изнесува „неодговорни“ тврдења.

„Кристално е јасно дека тоа не се изолирани случаи, туку систематски напори на Русија, особено на територијата и под јурисдикција на Кина, да регрутира граѓани на таа земја за војна“, напиша Зеленски на мрежата „Икс“.

Тој објави видео од сослушувањето на еден од затворениците и додаде дека е неопходно да се направи се што е можно за да се осигура дека Русија нема способност да ја „продолжи и прошири војната“, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го негираше тврдењето на Зеленски, нагласувајќи дека Пекинг зазема „урамнотежена позиција“ за украинскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Украина: Руски дронови нападнаa цивилни бродови во Црното Море

Јавен судир во Украина: Зеленски го обвини Кличко за слабости во одбраната на главниот град

Захарова: Странските трупи во Украина ќе бидат легитимна мета

Горан Наумовски

Зеленски: Војната во Украина може да заврши за време на претседателството на Кипар со Советот на ЕУ

Ескалација во реториката: Москва со закани по нападот врз руски танкер

Карлсон со остра оценка: САД се трансформираат во империја