(ВИДЕО) Зеленски ја критикуваше ФИФА: Ме блокираа, но светот сепак го слушна нашиот повик

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше ФИФА дека одбила да ја прикаже неговата видео порака пред финалето на Светското првенство. Во своето ноќно обраќање Зеленски рече дека ФИФА го „запрела“ неговиот говор пред финалниот натпревар во Катар, но додаде дека „светот сепак го слушнал нивниот повик“.

Вчера, украинското Министерство за надворешни работи сподели видео порака и додаде „не плашете се, светот ќе ги слушне зборовите на мирот“. Во претходно снимената порака, претседателот Зеленски му честиташе на светот за „прославувањето на човечката победа“ и побара од сојузниците да ја поддржат неговата земја, пишува Sky News.

„ФИФА нема разбирање“

„Украина се стреми кон мир повеќе од било што друго. Нема победници во војната. Војната мора да пропадне и мирот мора да стане победник. Ова е можно, ве молиме поддржете ја Украина во нашите напори за мир“, додаде Зеленски.

Михаил Подољак, еден од советниците на претседателот Зеленски, го критикуваше потегот и рече дека ФИФА „покажува недоволно разбирање за катастрофата во која Русија го вовлече светот со започнувањето на војната во Украина“.

Би можело да ве интересира

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

Зеленски испрати писмо до Трамп и се извини за конфликтот во Белата куќа

А1он

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски