Зеленски: Изгубивме интерес за влез во НАТО, подготвени за дијалог околу статусот на Крим и Донбас

Од:

Што се однесува до НАТО, јас одамна изгубив интерес по тоа прашање откако сфативме дека НАТО не е подготвен да ја прифати Украина. Алијансата се плаши од контрадикторни работи и конфронтација со Руската Федерација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската телевизија „Еј-Би-Си ворлд њуз“.

Тој, исто така, нагласи дека Украина нема за ништо „да го моли на колена“ НАТО.

Запрашан за можноста за признавање на Крим и самопрогласените републики во Донбас, Зеленски одговори дека постои можност властите во Киев да разговараат и да најдат компромис за тоа како луѓето ќе продолжат да живеат таму.

– Можеме да размислиме и да најдеме компромис за тоа како ќе постојат окупираните територии и тие републики. Она што е важно за мене – како луѓето кои сакаат да бидат дел од Украина ќе живеат таму, истакна Зеленски на прашањето за можноста за признавање на Крим, како и за самопрогласените „Народна република Доњецк“ и „Народна република Луганск“.

Тој нагласи дека Украина „не е подготвена за ултиматуми“, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин „мора да почне дÐ ° разговара, да започне дијалог“.

Зеленски рече дека не е подготвен за капитулација, бидејќи тој е избран претседател.

Кремљ вчера соопшти дека е подготвен да ја прекине воената операција доколку Киев ја признае независноста на самопрогласените „Народна република Доњецк“ и „Народна република Луганск“ и одбие да се приклучи на „кој било блок“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски