Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци

Од:

Володимир Зеленски рече дека очекува мир да се постигне во војната со Русија за помалку од една година и нагласи дека поразот на Украина би значел губење на независноста.

Според него, војната за Украина е егзистенцијална по природа, бидејќи станува збор за самото постоење на државата.

– Ако ја изгубиме оваа војна, ќе ја изгубиме и независноста на нашата земја. Губењето на суверенитетот и евентуалната апсорпција од страна на Русија би била катастрофа за Украинците, рече Зеленски во интервју за францускиот телевизиски канал Франс 2.

Сепак, тој рече дека е уверен дека тоа нема да се случи.

Во исто време, тој рече дека се надева дека војната ќе заврши дипломатски.

„Се надевам дека мирот ќе се постигне за помалку од една година“, рече тој.

Украинскиот претседател оцени дека постојано е под закана од Русија.

Според него, имало неколку обиди за атентат, а живеењето во услови на опасност му станало навика, пренесува Франс 2.

Зеленски рече дека потврдените загуби на Украина во војната со Русија изнесуваат 55.000 мртви и дека има значителен број луѓе кои државата ги смета за исчезнати.

Во Абу Даби моментално се одржуваат трилатерални разговори во кои учествуваат украинската, американската и руската страна. Разговорите започнаа вчера и продолжуваат денес.

Зеленски во вторник рече дека руските напади врз енергетиката укажуваат на неподготвеноста на Москва да преговара.

Би можело да ве интересира

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Мерц: Обидот за напад со дрон во Лајпциг е подготвуван со месеци во Русија

Горан Наумовски

Лавров: Украина ќе плати висока цена за нападите врз руските цивилни цели

Горан Наумовски

Русија со нов удар врз украинската логистика: Погодени камиони и цистерни

Џефри Сакс: „Америка веќе не е единствената суперсила во светот“

Горан Наумовски