Зеленски го разреши командантот на Здружените сили

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Андриј Гнатов од функцијата командант на здружените сили на Вооружените сили на Украина, се наведува во декретот објавен на веб-страницата на претседателот Зеленски.

– Да се ​​разреши Гнатов од функцијата командант на Здружените сили на вооружените сили на Украина – се наведува во декретот.

Причините за ваквата одлука не беа наведени. Гнатов на таа функција беше од 24 јуни минатата година.

Еден ден претходно, пензионираниот украински генерал Сергеј Кривонос изјави дека властите во Киев подготвуваат кривична постапка против некои генерали на вооружените сили на Украина. Според него, високи воени личности неодамна биле уапсени и обвинети за измислени обвиненија.

Би можело да ве интересира

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти

Стуб: ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија

Несогласување во ЕУ: Унгарија и Словачка не ги потпишаа заклучоците за Украина