Зеленски го покани Фицо во Киев на разговори за транзитот на гас

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го покани словачкиот премиер Роберт Фицо во петок да го посети Киев како одговор на претходниот повик на Фицо за разговори за транзитот на руски гас.

„Во ред. Дојдете во Киев во петок“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х, пренесе Ројтерс.

Фицо претходно денеска го покани Зеленски да разговараат за транзитот на руски гас преку територијата на Украина, кој беше прекинат на 1 јануари.

„Таквата средба ќе создаде добра основа за отворена дискусија за снабдување со гас на Словачка и други земји преку украинска територија“, рече Фицо во отвореното писмо до Зеленски.

Од 1 јануари годинава рускиот гас повеќе не тече низ Украина до земјите од Европската унија, бидејќи истече петгодишниот договор за снабдување, кој не беше обновен, по што започна спорот меѓу двете земји.

Фицо потсети дека, доколку ситуацијата не се промени во рок од неколку недели, тој ќе иницира реципрочни мерки против Украина, вклучително и запирање на снабдувањето со електрична енергија за Украина, запирање на хуманитарната помош или дури и ставање вето на понатамошната помош за Украина од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Документирани повеќе од 183.000 злосторства од страна на руските сили

А1он

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир