Зеленски го назначи Иван Федоров за нов шеф на регионот Запорожје

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи Иван Федоров за нов началник на регионот Запорожје кој е под контрола на Киев.

„Иван Сергеевич Федоров беше назначен за претседател на регионалната државна управа на Запорожје“, се вели во текстот на указот објавен на веб-страницата на канцеларијата на Зеленски.

Претходно Зеленски на негово барање го разреши Јуриј Малашко од функцијата шеф на администрацијата на Запорожје во делот што го контролира Киев со декрет.

Федоров претходно беше градоначалник на Мелитопол.

Федоров рече дека неговата цел е да ги обедини напорите за победа на Украина, која, како што наведе, се ближи, пренесе агенцијата Униан.

Кабинетот на Зеленски соопшти дека тој денеска ги посетил украинските војници во селото Роботин во областа Запорожје и им доделил медали.

Повеќе од 70 отсто од регионот Запорожје сега е под руска контрола, а поранешниот регионален центар, градот Запорожје, е под контрола на украинските војници од март 2023 година.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина не и треба привремен прекин на огнот, туку крај на војната

А1он

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Песков: Кремљ позитивно ја оценува подготвеноста на Зеленски да преговара за мир

Лавров за Зеленски: Не можам да влезам во главата на тој човек, тој не е ни човек

Лукашенко ги покани Трамп, Зеленски и Путин на разговори во Минск

Горан Наумовски

Трамп: Зеленски е подготвен за мировни преговори

Горан Наумовски