Зеленски го моли Западот: Потребна ни е противвоздушна одбрана, тенкови и ракети

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на лидерите на земјите од Здружените сили за брза акција, за време на нивната средба во Рига и побарал од нив различни видови оружје што му се потребни на Киев за да ја одбие руската агресија, објавија западните медиуми.

Конкретно, украинскиот претседател побара од британскиот премиер Риши Сунак да го зголеми снабдувањето со системи за противвоздушна одбрана.

Според Ројтерс, Зеленски од литванскиот претседател побарал и системи НАСАМС и ракети Стингер; од министерот за одбрана на Данска – хаубици „Цезар“; од премиерот на Шведска – артилериски системи „Арчер“ и од министерот за одбрана на Холандија – тенкови.

Од почетокот на војната во Украина, претседателот Володимир Зеленски ја искористи секоја можност да го привлече вниманието на светската заедница на ситуацијата во земјата која страда од руската агресија.

Би можело да ве интересира

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

Зеленски испрати писмо до Трамп и се извини за конфликтот во Белата куќа

А1он

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски