Зеленски: Главната цел на Русите е да го освојат Покровск, има битки и во самиот град

Од:

Руските трупи ги концентрираа своите главни ударни сили во правец на градот Покровск во регионот Донецк во Украина, каде што продолжуваат жестоките борби на територијата на градот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Разговарав со војската – посебно внимание се посветува на Покровск, како и на соседните области“, рече Зеленски.

Тој истакна дека токму таму моментално се наоѓаат најголемиот број руски ударни сили и значајна офанзивна активност.

„Борбите продолжуваат во градот: ова е нивната главна цел – самиот Покровск. И секој резултат на нашите сили во оваа насока е резултат за цела Украина, за целата одбрана на нашата држава“, нагласи Зеленски.

Во текот на вчерашниот ден се случија 101 борбени судири меѓу украинските одбранбени сили и руските трупи, борбите продолжуваат на шест фронтовски линии, при што руските сили најактивно напаѓаат во Костјантинивска и Покровска, а исто така покажуваат зголемена активност во Александровск.

Би можело да ве интересира

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина