Зеленски ги откри главните цели на Киев за 2024 година

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека главната воена цел на Киев во 2024 година е изолација на Крим.

Зеленски за „Економист“ изјави дека битката за Крим и Црното Море ќе стане фокус на војната во наредните месеци.

– Изолацијата на Крим и деградацијата на рускиот воен потенцијал таму е исклучително важна за нас бидејќи тоа е начин да се намали бројот на напади од тој регион – рече Зеленски.

Украинскиот претседател вели дека успешна операција би била пример за целиот свет и би имала „голем ефект“ внатре во Русија. Зеленски, пак, не прецизираше дали станува збор за копнена операција или се планира продолжување на операциите во Црното Море, односно напад на мостот на Крим.

„Економист“ наведува дека Зеленски е „помалку отворен“ за приказната за воените цели на Киев на истокот и југот на Украина.

– Наведените стратешки амбиции за враќање на Украина на нејзините првични граници не се променија и нема да се променат, но тој повеќе не поставува временска рамка или не дава никакви ветувања за тоа која територија може да ја деокупира Украина следната година. Неговата непосредна цел во копнената војна ќе биде одбраната и спасувањето на многу важните градови Харков, Днепар, Запорожје, Херсон и Николаев, но и заштита на критичната инфраструктура на неговата земја – додава „Економист“.

Би можело да ве интересира

Русија одби: Мировен план само според ситуацијата на теренот

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии