Зеленски ги објави деталите за неговиот „план за победа“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот американски колега Џо Бајден да и дозволи на Украина да изврши напади со долг дострел во Русија користејќи оружје доставено од САД и да обезбеди „место во историјата“ со „зајакнување на Украина“ пред да ја напушти функцијата. Говорејќи пред клучното патување во Вашингтон следната недела, каде што ќе се сретне со Бајден и претседателскиот кандидат Камала Харис, и ќе се обрати во ОН, Зеленски рече дека ќе претстави „план за победа“ за ставање крај на војната.

Неговата визија за „праведен мир“ сè уште не е објавена, но Зеленски рече дека планот вклучува извршување длабоки напади со западни ракети во Русија – нешто на што Лондон и Вашингтон досега одбиваа да се согласат. Обединетото Кралство навести дека е подготвена да и дозволи на Украина да ги користи британските крстосувачки ракети, но Белата куќа и понатаму е скептична. Британскиот премиер Кир Стармер не се осврна на ова прашање за време на приватните разговори со Бајден минатата недела во Вашингтон.

Зеленски потврди дека нема зелено светло и покрај повеќемесечните дипломатски напори. „Ниту САД, ниту Велика Британија ни дозволија да го користиме ова оружје на руска територија, против какви било цели и на која било оддалеченост“, рече тој.

На прашањето како би се обидел да го убеди Бајден кога ќе се сретнат во четврток, Зеленски го спомена фактот дека Бајден во минатото „го променил своето мислење по тешки дискусии“. Некои членови на неговиот тим ги поддржуваат нападите, рече тој – што е „веќе достигнување“. „Бајден може да ја зајакне Украина и да донесе важни одлуки за да ја направи Украина посилна и да ја заштити нејзината независност додека е претседател на САД. Мислам дека ова е историска мисија“, рече Зеленски.

Зеленски рече дека „многу веројатно“ ќе има средба со Доналд Трамп во четврток или петок. „Нашите тимови се во контакт. Нема да гледам во иднината, но мислам дека тоа ќе биде важно за двајцата“, рече тој.

Зеленски ја опиша минатомесечната украинска иницијатива во рускиот регион Курск како успешна, сугерирајќи дека таа може да стане дел од идните преговори. Тој рече дека операцијата ја спречи Москва да изврши сопствен напад врз северната украинска провинција Суми.

„Непријателот беше принуден да премести 42.000 војници од другите делови на фронтот“, додаде тој.

Тој призна дека ситуацијата во источна Украина и понатаму е тешка и дека на Киев му треба оружје со долг дострел за да се спротивстави на руските напади.

Зеленски за својот план рече дека во тоа има улога и „операцијата Курск“, но одби да открие повеќе детали. Другите елементи на планот вклучуваат повеќе оружје и економска поддршка.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин рече дека ракетните напади врз Русија со американско оружје ќе бидат еднакви на приклучување на НАТО во војната. Тој се закани со сериозни последици. Украинските власти ги отфрлија неговите коментари како уште една во низата празни закани.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна