Зеленски е подготвен да им се придружи на Трамп и Путин на состанокот во Будимпешта

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп за време на состанокот во Белата куќа на 17 октомври дека е подготвен да му се придружи на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта.

„Ако навистина сакаме праведен и траен мир, ни се потребни двете страни од оваа трагедија. Како може да има какви било договори без нас за нас?“, праша Зеленски во интервју за NBS News.

На прашањето дали ќе инсистира да патува во Будимпешта, Зеленски рече дека му рекол на Трамп во петокот дека е подготвен, објави Ukrinform.

Трамп разговарал со Путин по телефон еден ден пред состанокот со Зеленски и по разговорот рекол дека ќе се сретне со рускиот претседател во Будимпешта „за да разговара за можноста за завршување на војната меѓу Русија и Украина“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Фокс њуз“ праша еден човек зошто дошол на митингот на Трамп, одговорот стана хит

(ВИДЕО) Трамп до новинар на Ројтерс: Одвратен си, болен си

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Трамп размислува за укинување на санкциите кон Русија

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

(ВИДЕО) Синот на Болсонаро побегна во САД по изборниот пораз, Трамп му одобри виза

Горан Наумовски