„Зеленски би трчал гол низ Њујорк, за да добие безбедносни гаранции, Американците се во заблуда“

Од:

Прилично сум сигурен дека претседателот Зеленски би бил подготвен да трча гол низ Њујорк ако тоа го побараат за да добие безбедносни гаранции и да ја спаси својата земја. Не може да се работи за емоции и лично его и за тоа кој е доволно понизен и кој доволно пати рекол фала. „Тоа треба да биде за тоа што е правилно и праведно и што е во интерес на западниот свет“, рече Расмус Јарлов, претседател на Одборот за одбрана на данскиот парламент.

Тој истакна дека американската администрација е „заведена од лажниот наратив дека Зеленски е лош човек кој се обидува да ги искористи САД и дека и Европејците се лоши момци“.

Тој предупреди дека секој мировен договор без безбедносни гаранции за Украина „не вреди за хартијата на која е напишано, бидејќи руските лидери редовно ги кршат своите ветувања и договори“.

– Се чини дека Русија веќе мисли дека е во војна со Западот. Ако мислиш така, тогаш пак ќе нападнеш. И ќе ги нападнат балтичките земји, веројатно како прва цел – рече тој.

Би можело да ве интересира

Орбан бара Зеленски да ги повлече агентите од Унгарија

Киев оди на сè или ништо: Зеленски се подготвува да мобилизира до еден милион луѓе

Небензја: Зеленски профитира од трагичните настани на Блискиот Исток

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба