Зеленски би можел директно да биде вклучен во разговорите меѓу Трамп и Путин

Од:

Белата куќа се надева дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи да присуствува на состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, објави Си-Би-Ес, повикувајќи се на претседателската администрација на САД.

„Белата куќа се надева дека Зеленски би можел да биде вклучен во овие преговори“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Таа, исто така, им изјави на новинарите дека Трамп ќе го замоли Зеленски да се придружи на неговиот состанок со Путин денес.

„Претседателите Трамп и Путин разговараа за можноста за состанок во Будимпешта, а американскиот претседател ќе разговара за оваа можност со претседателот Зеленски кога ќе биде тука во Белата куќа“, изјави портпаролката, според американската телевизиска станица.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски денес, а состанокот е закажан за 19 часот по централноевропско време.

Трамп разговараше со рускиот претседател Владимир Путин во четврток и го најави нивниот нов состанок во Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Горан Наумовски

Путин возвраќа: Русија го затвора германскиот конзулат и „Гете-институтот“

A1on

Поранешен шеф на МИ6: „Траен мир во Украина е невозможен додека Путин е на власт“

Путин, Трамп и Си на иста маса – Москва не ја исклучува можноста

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“