Зеленски: Бахмут е крваво место, Русите ги даваат своите животи за лудите идеи на нивните господари

Од:

Областа околу градовите Бахмут и Соледар во источна Украина „е едно од најкрвавите места на линијата на фронтот“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговото вчерашно обраќање. Бахмут стана можеби најспорниот дел од 1.300 километри долгата линија на фронтот во Украина и сцена на некои од најжестоките борби во војната.

„Нема парче земја во близина на овие два града каде што окупаторот не би го дал животот за лудите идеи на господарот на рускиот режим“, рече Зеленски, а пренесува Си-Ен-Ен.

Поголемиот дел од регионот Доњецк, каде што се наоѓаат Бахмут и Соледар од 2014 година го имаат сепаратистите поддржани од Русија и е еден од четирите украински региони за кои Москва тврди дека се руска територија. Сепак, украинскиот претседател вчера изјави дека двата града „се уште се држат“ и дека „ситуацијата на линијата на фронтот не е значително променета во првата недела од оваа година“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски