Зеленски: Антиукраинската политика на Орбан е историска грешка

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан дека користи пропаганда против Украина за свои внатрешни политички цели.

„Орбан ја користи Украина за своите изборни цели. Тој не разбира дека ова ќе има многу сериозни и опасни последици. Орбан му прави услуга на Путин и затоа реков дека прави сериозна историска грешка“, рече украинскиот претседател во интервју за унгарскиот новински портал Валас.

Зеленски во интервју објавено денес тврди дека владата на Орбан води кампања против испраќање помош за Украина и е против приемот на Украина во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје