Зеленски: 390 војници од руско заробеништво се вратени во Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес потврди дека 390 војници заробени од руските сили за време на воените операции се вратиле во Украина.

„Ги враќаме нашите луѓе дома. Денес – 390 луѓе. Ви благодариме на сите што помагате, што работите 24/7 за да можат Украинците да се вратат дома. Многу е важно да се вратат сите што се во заробеништво. Ги проверуваме сите имиња, информациите за секое лице. Ќе продолжиме со нашата дипломатска работа за да ги овозможиме ваквите чекори“, напиша Зеленски на Телеграм, пренесе УНИАН.

Зеленски додаде дека ова е само првата фаза од размена на затвореници од голем обем во форматот „1.000 за 1.000“, што беше договорено за време на состанокот на украинската и руската делегација во Истанбул на 16 мај.
Zelenski: 390 vojnici od rusko zarobeništvo se vrateni vo Ukraina

Би можело да ве интересира

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Русија: Маските паднаа, Европа конечно му го покажа на Трамп своето вистинско лице

Кошта: ЕУ може да разговара со Русија за многу прашања