Здружениот Генералштаб на САД го осуди упадот во Капитол

Од:

Генералот Марк Мили и целиот Здружен Генералштаб на САД, составен од началниците на штабови на сите воени родови, издадоа соопштение во кое го осудија нападот врз Капитол Хил и ги потсетуваат припадниците на армијата за нивната посветеност да го поддржуваат и бранат Уставот и да го отфрлаат екстремизмот.

„Сведоци сме на активностите во зградата на Конгресот што не беа во согласност со владеењето на правото. Правата на слобода на говор и собирање никому не му даваат право да прибегне кон насилство, бунт и востание”, се наведува во соопштението.

Како што претходно јави Си-Ен-Ен, соопштението се смета за значаен чекор затоа што воените команданти се обидоа да бидат воздржени од се што може да има политички тон, и сега сметаат дека е важно да се огласат со оглед на сериозноста на инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден.

„Како припадници на службата, ние мора да им дадеме лик на отелотворените вредности и идеали на земјата. Ние го поддржуваме и браниме Уставот. Секоја акција што го нарушува уставниот процес не е само спротивна на нашата традиција, вредности и заклетва, туку таа е спротивна на законот”, се додава во соопштението на највисоките генерали во американската армија.

Покрај тоа, во него се споменува и потврдувањето на изборот од Конгресот и се вели дека „новоизбраниот претседател Бајден ќе биде инаугуриран и ќе стане нашиот 46-ти врховен командант“.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија