Министерството за здравство на Египет ја продолжува третата фаза од кампањата „од врата до врата“ за вакцинација против Ковид-19. Третата фаза се одвива во голем број области, вклучувајќи ги Каиро, Гарбија, Дакалија и Кафер ел Шеик, а повеќе од 190.000 луѓе веќе се имунизирани.
Шефот на научниот комитет за справување со пандемијата на Ковид, Хосам Хосни, рече дека вирусот и неговите варијанти се уште постојат, но симптомите се поблаги, благодарение на природниот имунитет и вакцинацијата. Тој потсети дека периодот на изолација е намален на пет дена, под услов заразените да ги земат потребните лекови и симптомите да исчезнат во рок од 48 часа.
Според Светската здравствена организација, до 20 јуни 2022 година во Египет биле доставени повеќе од 89 милиони дози вакцина против Ковид-19. На почетокот на јуни, ширењето на коронавирусот во северноафриканската земја достигна најниско ниво од почетокот на пандемијата.
Извор: МИА