Претседателот на Венецуела, Уго Чавес постепено закрепнува од последната операција на ракот во Куба, изјави претседателот на парламентот, Диосдадо Кабело.
– Здравјето на командантот Чавес се поправува. Тој постепено е се подобар, соопшти Кабело.
Чавес беше опериран на 11-ти декември минатата година и не излезе во јавноста, откако го напушти Каракас и замина на операција во Куба.
Претседателот на Венеција болеста ја откри во јуни 2011. година, а на 10-ти јануари оваа година, поради болеста не можеше да присуствува на инагурацијата, бидејќи повторно беше избран за претседател на државата.